Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, би можел да ја продолжи кариерата во Интер, пишува „Газета дело Спорт“. Договорот на играчот истекува на лето и тој секако ќе биде активен на трансфер пазарот, што може да ги интересира „нероаѕурите“.
Интер сѐ уште нема донесено одлука за иднината на Алексис Санчез и на Марко Арнаутовиќ. Доколку двајцата си заминат, клубот сигурно ќе бара нов напаѓач и покрај тоа што веќе го обезбеди потписот на Мехди Тареми на слободен трансфер од Порто.
Според информациите, агентите на Марсијал веќе разговарале со шефовите на „нероаѕурите“. Засега првичните разговори се позитивни, иако сѐ уште е во многу рана фаза и ништо не е загарантирано.
28-годишниот Французин ги помина последните девет години на „Олд Трафорд“, освен една сезона на позајмица во Севилја. За „црвените ѓаволи“ одигра 317 натпревари, постигна 90 гола и забележа 50 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













