Connect with us

Марсијал е мамката на Јунајтед за Ерлинг Халанд

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го доведе Џејдон Санчо, но ќе се обиде да го купи и неговиот партнер во нападот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Норвешкиот голгетер е еден од најпосакуваните фудбалери во овој летен преоден рок, иако „милионерите“ рекоа дека не е на продажба. Тој следното лето, според клаузулата во договорот, ќе биде достапен за фиксна отштета од 75 милиони евра, а во овој трансфер прозорец европските гиганти наддаваат за него.

Манчестер Јунајтед има еден адут како мамка за трансферот на Халанд. Францускиот интернационалец Антони Марсијал треба да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето, со оглед дека конкуренцијата во нападот ќе биде огромна и нема да добие голема шанса за настап. „Црвените ѓаволи“ се обидуваат да испратат во Борусија Дортмунд како дел од пакетот во кој Ерлинг Халанд би се преселил на Островот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови