Италијанскиот калчолигаш Аталанта мора да бара нов напаѓач непосредно пред стартот на новата сезона во Серија А. Причината е тешката повреда на Џанлука Скамака, кој ги скина предните вкрстени лигаменти и ќе паузира најмалку осум месеци.
Тренерот Џанпјеро Гасперини ќе мора да ги разгледа сите опции, а се чини дека решението се наметнува со доаѓањето на Ентони Марсијал. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед е слободен агент и не би имал против да ја засили Аталанта и да заигра во италијанскиот шампионат. Тоа би требало да биде и одлична замена за повредениот Скамака кој ќе пропушти најголем дел од новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













