Connect with us

Марсело ја продолжува кариерата во Премиер – лигата?

Премиерлигашкото дуо, Лидс и Евертон наводно го следат левиот бек и капитен на Реал Мадрид, Марсело. 33-годишниот ветеран ги помина последните 15 години на “Сантијаго Бернабеу”, но неговото време во шпанската престолнина наскоро би можело да заврши бидејќи неговиот актуелен договор истекува следното лето.

Се претпоставува дека Марсело го информирал претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез дека нема намера да потпише нов договор и ќе го напушти клубот во јуни како слободен агент. Најверојатната дестинација на Бразилецот ќе биде враќање во својот поранешен клуб во татковината, Флуминензе, но и Лидс и Евертон размислуваат за краткорочни понуди за дефанзивецот, се вели во шпанските медиуми.

Летното засилување од Барселона, Жуниор Фирпо е прв избор на левата бековска позиција за тренерот на Лидс, Марсело Биелса, додека Стјуарт Далас исто така, често добива шанса по левата страна во одбраната. Во меѓувреме, “сините” од Ливерпул го имаат Лукас Диње како единствена вистинска опција на позицијата лев бек, па Рафаел Бенитез очекува да го засили овој оддел во некои од претстојните преодни рокови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови