Директорот на Интер, Бепе Марота, истакна дека направил многу успешна зделка со продажбата на Андре Онана во Манчестер Јунајтед.
„Онана беше многу успешен „дил“ за нас со Манчестер Јунајтед“, изјави Марота за „Газета дело Спорт“.
Марота надгледуваше некои исклучително профитабилни трансферни договори за гигантот од Милано, кој со години е под мониторинг на УЕФА.
„Се сеќавам дека го продадов Мауро Икарди за 50 милиони евра на ПСЖ во време кога тој изгуби малку од својата привлечност“, потенцираше Марота, разговарајќи за неговата снаодливост.
Голманот Онана беше доведен како слободен играч и една година подоцна продаден на Манчестер Јунајтед за 52,5 милиони евра, плус уште 5 милиони во бонуси.
Голманот засега се мачи на „Олд Трафорд“, но Марота верува дека може да стане лидер на „црвените ѓаволи“.
„Сè може да се случи во фудбалот, тој може да се врати иако многумина го отпишаа. Ова е важно искуство за него и за нас. За нас беше многу успешна зделка да го добиеме бесплатно и да го продадеме за тие пари“, посочи уште еднаш Марота.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













