Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку е цел на најголемите европски клубови, но Интер вели дека тој не е на продажба. Челси и Манчестер Сити не жалат пари за да го купат корпулентниот напаѓач на „нераѕурите“.
Со оглед дека Интер е во финансиска криза, тие се обидоа да го скршат отпорот на челниците за да го продадат Лукаку, но, сепак, тоа нема да се случи.
Директорот на Интер, Џузепе Марота ги отстрани сите дилеми кога станува збор за престојот на белгискиот репрезентативец во Милано.
„Лукаку е недопирлив ова лето, апсолутно. Тој е наш клучен играч и не се согласуваме да го продадеме по ниедна цена“, јасен е Џузепе Марота.
Лукаку дојде во Интер летото 2019 година од Манчестер Јунајтед за 74 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













