
Мароканскиот крал Мохамед Шести ја објави заедничката кандидатура на Мароко, Шпанија и Португалија за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2030 година.
„Објавувам дека Кралството Мароко одлучи со Шпанија и Португалија да поднесе заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2030 година“, изјави мароканскиот крал.
Пораката ја прочита министерот за национално образование, предучилишно образование и спорт Чакиб Бенмуса во Кигали, каде ФИФА в четврток ќе го одржи 73. Конгрес. Оваа заедничка кандидатура, без преседан во историјата на фудбалот, ќе биде спој меѓу Африка и Европа, меѓу северот и југот на Медитеранот и меѓу африканскиот, арапскиот и евромедитеранскиот свет, посочува тој во пораката.
Мароко во минатото неколку пати се кандидираше за домаќин на Светското првенство, а најблиску до организација на турнирот беше во 2010 година, кога загуби од Јужна Африка. Ова е втора официјална кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2030 година, откако Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај заеднички го направија тоа на почетокот на февруари.
Се шпекулира дека во трката за Светското првенство во 2030 година би можеле да се приклучат Египет, Грција и Саудиска Арабија.
Следното Светско првенство е закажано за 2026 година во Мексико, САД и Канада со 48 репрезентации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
