Connect with us

Маркус Берг се повлече од репрезентацијата на Шведска

Напаѓачот Маркус Берг ја напушта репрезентацијата на Шведска, пренесува „Експресен“. 34-годишниот Берг откри дека одлучил да ја заврши репрезентативната кариера и дека ќе му се посвети на клупскиот фудбал.


„Јас сум исклучително среќен и горд на она што го направивме. Сега сакам да се фокусирам на мојата клупска кариера за да можам да играм уште неколку години“,
изјави Берг.


Мечот против Украина на Европското првенство беше негов последен во дресот на Шведска.


Маркус Берг последните години играше за рускиот клуб Краснодар, но од 15 јули се враќа во неговиот матичен клуб Гетеборг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови