Connect with us

Марко Розе седна на клупата на Лајпциг

Германскиот бундеслигаш Лајпциг го именува Марко Розе за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа на местото на Доменико Тедеско, кој доби отказ по шокантниот пораз (1-4) на домашен терен во Лигата на шампионите од Шахтјор. Розе потпиша договор со Лајпциг до 2024 година.


Тедеско со Лајпциг освои и само пет бода во првите пет кола во Бундес – лигата, па разделбата беше неминовна.

Розе минатата сезона беше тренер на Борусија Дортмунд, претходно ја водеше и Борусија Менхенгладбах, а беше дел и од Салцбург. Играчката и тренерска кариера ја започна токму во Лајпциг, кога го водеше Локомотив Лајпциг од 2012 до 2013 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови