Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, официјално потпиша со Лос Анџелес галакси. Договорот на поранешниот германски репрезентативец е на две и пол години, објави клубот.
Тој пристигнува во Лос Анџелес како слободен агент, откако неговиот договор со „милионерите“ истече и не беше обновен.
From Dortmund to the City of Angels 💫
— LA Galaxy (@LAGalaxy) August 15, 2024
We have signed Marco Reus to a two-and-a-half-year contract through the end of the 2026 MLS season.
📰: https://t.co/R9UjTA0eGq | @kinecta pic.twitter.com/AUF1DvKA5E
Марко Ројс ги помина последните 12 години во Борусија Дортмунд. Тој одигра 429 натпревари за „жолто-црните“, во кои постигна 170 голови и оствари 131 асистенција.
35-годишниот фудбалер има 48 настапи и 15 гола за националниот тим на Германија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski