
Силекс со триумф (1-3) против новиот шампион Шкендија ја заокружи одличната сезона во која го освои второто место и обезбеди настап во Европа. Кратовскиот тим ќе игра во квалификациите за Конферециската лига, а во својот тим го има(ше) и најдобриот стрелец во шампионатот, Марко Ѓорѓиевски, кој постигна 15 голови и го подели признанието „Златна копачка“ заедно со искусниот напаѓач на Шкендија, Бесарт Ибраими.
Токму Марко Ѓорѓиевски со два гола во Тетово беше најзаслужен за победата на Силекс. Поубав крај не можеше да посака, затоа што му истекува договорот и тој се очекува да прифати една од понудите за заминување во странство.
„Сакам да се заблагодарам на сите во Силекс, на стручниот штаб предводен од тренерот Александар Васоски, сите соиграчи, како и раководството. Сите имаат свој придонес и во овој мој личен успех за најдобар стрелец во шампионатот, заедно со Бесарт Ибраими, а секако и за освојувањето на второто место и излезот на европска сцена. Беше ова една тешка сезона, во која верувам дека на крајот ги исполнивме очекувањата. Долго бевме конкурентни и во битката за шампионската титула. Двата гола во последното коло и триумфот против Шкендија (1-3) се и една моја лична сатисфакција, еден вид награда за целиот труд што го вложив оваа сезона. Периодот поминат во Силекс секогаш ќе го паметам по убави нешта, а сега е време за разделба и за нов чекор во кариерата“, вели за МАКФУДБАЛ, Марко Ѓорѓиевски.

Со игрите оваа сезона, робусниот напаѓач дефинитивно заслужи повик и во националниот тим. Можеби повикот ќе се случи токму во јунскиот квалификациски прозорец, за мечевите против Белгија и Казахстан.
„Секој фудбалер сонува да биде дел од националниот тим. Ми годат пофалбите, но последниот збор го има селекторот Благоја Милевски. Ако тоа се случи, ете ме таму – во спринт“, вели 25-годишниот напаѓач.
Договорот со Силекс му заврши и многу извесно е дека Марко Ѓорѓиевски кариерата ќа ја продолжи во странство. На негова адреса веќе пристигнаа понуди од клубови од Русија, Унгарија, Чешка, Словачка, Тајланд…
„Ме очекува нов предизвик, извесно е дека ова лето ќе направам нов чекор и ќе заминам во странство. Имам неколку понуди, навистина интересни и примамливи, не би сакал да зборувам предвреме, но реално е да ја продолжам кариерата надвор од Македонија“, истакнува најдобриот стрелец во македонскиот шампионат, заедно со Бесарт Ибраими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
