Шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио одбил три одлични понуди од Премиер – лигата за да остане во Мадрид и да докаже дека го заслужува дресот на Реал. Тој помина низ тежок период, некако стагнираше во изминатите две години и не експлодираше како што се очекуваше и како што многумина предвидуваа дека ќе го заземе местото на Кристијано Роналдо.
Летово се шпекулираше дека може да си замине, а извори блиски до Реал денес откриваат дека Асенсио одбил неколку примамливи понуди за да остане и да го оствари својот сон во Мадрид. Арсенал, Вулверхемптон и Њукасл го посакувале Асенсио ова лето, но и Бенфика и Порто.
Сепак, Марко Асенсио одлучи да остане во Реал Мадрид и да се докаже кај тренерот Карло Анчелти. Го задржа и бројот „11“, иако се врати Герет Бејл, кој по седум години мораше да го земе бројот „18“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal