Connect with us

Маркињос верен на ПСЖ до 2028 година

Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, го продолжи договорот со клубот до 2028 година.
Овој 29-годишен Бразилец пристигна во ПСЖ во 2013 година од Рома.


„Пресреќен сум што потпишав продолжување на договорот, но и многу горд. Ова е посебен момент за мене. Уверен сум дека ќе продолжиме да постигнуваме големи работи заедно во годините што доаѓаат“, изјави Маркињос.


За време на неговите девет сезони во ПСЖ, Маркињос освои 26 трофеи, од кои седум беа францускиот шампионат.


Маркињос со 405 натпревари е трет по бројот на настапи за ПСЖ, но е прв по бројот на европски настапи (81) во дресот на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови