Австрискиот интернационалец Давид Алаба од јуни и дефинитивно ќе биде член на Реал Мадрид, открива „Марка“. Договорот е веќе потпишан, а дефанзивецот ги минал и медицинските прегледи.
Според влијателниот шпански спортски весник, Алаба потпишал четиригодишен договор со „кралскиот клуб“ кој ќе има важност од 1 јули 2020 година. Тој ќе пристигне од Баерн Минхен како слободен агент откако цели десет сезони го носеше дресот на баварскиот клуб.
Алаба во Реал Мадрид ќе заработува 11 милиони евра по сезона. Тој имаше понуди и од ПСЖ,Ливерпул, Манчестер Сити, Јувентус, Манчестер Јунајтед, но желбата на фудбалерот беше исклучиво да го облече дресот на „кралевите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













