Connect with us

Марк Овермарс избркан од Ајакс поради секси пораки кон колешките

Марк Овермарс од денеска веќе нема да ја извршува улогата на спортски директор на Ајакс, бидејќи поранешниот холандски репрезентативец направил голема глупост. Тој подолг период психички ги злоставувал жените вработени во клубот со вулгарни и секси пораки.


Овермарс по крајот на групната фаза во Лигата на шампионите стави потпис на нов договор со Ајакс до 2026. година, но сето ова нема да се реализира.

„Марк Овермарс веднаш го напушта клубот. Оваа одлука е донесена по разговорот на надзорниот одбор и претседателот на одборот, Едвин ван Ддер Сар. Причината за ваквата одлука е испраќањето на непримерни пораки на неколку колешки во подолг временски период“, објави Ајакс.

Марк Овермарс се извини за своето недолично однесување.

„Засрамен сум. За жал, не сфатив дека ја минав границата, но изминативе денови ми стана јасно. Недозволено е такво однесување за човек на мојата позиција и го сфаќам потегот на клубот. Сега е предоцна, не гледам друго освен да си заминам. Оваа ситуација влијае и на мојот личен живот и затоа би замолил да ме оставите мене и моето семејство на мир“, истакна Овермарс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови