Германскиот интернационалец Марио Геце го продолжи договорот со ПСВ Ајндховен. Холандскиот клуб му понуди нова соработка на стрелецот на победничкиот гол за Германија во финалето на Светското првенство 2014 година една година пред истекот на актуелниот договор.
Геце се согласи да потпише договор до 2024 година и ќе остане дел од талентираниот тим на ПСВ Ајндховен кој се обидува да ја врати титулата на „Филипс стадионот“ по три сезони.

Поранешниот офанзивен играч за врска на Борусија Дортмунд и на Баерн Минхен минатата година пристигна во ПСВ како слободен играч, потпишувајќи договор на две сезони. Оваа сезона тој веќе одигра 10 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и забележа три асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













