
Марио Балотели, некогаш дел од италијанската репрезентација која го освои сребрениот медал на Европското првенство во 2012 година, напаѓач на Интер во историската сезона 2009/10 кога клубот ја освои тројната круна и шампион на Премиер – лигата со Манчестер Сити, сега би можел да се пресели во Шпанија, објавува „АС“.
Во текот на својата кариера, Балотели ги носеше дресовите на Милан, Ливерпул, Олимпик Марсеј и последно, турскиот клуб Адана Демирспор. Според извештаите на „АС“, 34-годишниот напаѓач, кој во моментов е слободен играч, е во преговори со Интерсити, клуб кој се натпреварува во третата лига на шпанскиот фудбал. Преговорите меѓу клубот и Балотели се потврдени, а доколку се остварат, ова би можел да биде нов почеток за некогашната голема ѕвезда на италијанскиот и светскиот фудбал.
Ова лето Балотели беше поврзуван и со словенечкиот првак Целје, го посакуваше и македонскиот прволигаш Гостивар, но таков трансфер не се реализира, па тој сè уште е во потрага по нов клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
