Тренерот на Челси, Енцо Мареска, ја коментираше ситуацијата со Михајло Мудрик, кој доби позитивен резултат на допинг – тест. Мареска истакна дека клубот целосно стои зад украинскиот напаѓач и му ја дава целосната поддршка.
„Сите сме шокирани и тажни, но тука сме за да го поддржиме Миша. Разговарав со него пред неколку дена. Моментално не може да тренира. Го чекаме исходот, но клубот ќе му помогне со сè што му е потребно. Му веруваме и го поддржуваме“, изјави Мареска.
Мареска додава дека верува во враќањето на Мудрик во тимот.
„Мислам дека ќе се врати, не знам кога точно, но сигурен сум дека тоа ќе се случи. Неговите соиграчи беа изненадени и тажни кога дознаа за ситуацијата.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













