Connect with us

Мареска: Извонредна сезона е зад нас, ќе играме ново финале

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, ги сподели своите импресии по триумфот од 2-0 над Флуминенсе во полуфиналето од Светското клупско првенство.

„Морам да кажам, задоволен сум од сè. Имаме навистина извонредна сезона зад нас – се пласиравме меѓу најдобрите четири во Премиер лигата, ја освоивме Конференциската лига, а сега и пласман во финалето на Светското првенство – навистина сме пресреќни!“, изјави Мареска.

Во финалниот натпревар, Челси ќе се соочи со победникот од дербито меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен – актуелни шампиони на Лигата на шампионите од последните две изданија.

„Жоао Педро мора да биде тип на играч што знае како да ги реализира своите прилики. Тој има природен инстинкт за гол и ни е мило што токму тој се запиша меѓу стрелците“, додаде Мареска.

Судирот меѓу Реал и ПСЖ е закажан за вечерва во 21 часот, додека финалето ќе се одигра в недела, на 13 јули.

„Ние одиме чекор по чекор. Моментално најважно е што сме во финале, останува уште еден последен натпревар – ќе видиме што ќе донесе“, изјави стратегот на „сините“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови