Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, ги демантираше шпекулациите дека клубот е заинтересиран за крилото на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо. Италијанскиот стратег изјави дека е целосно задоволен од играчите на крилните позиции во тимот и дека нема потреба од нови засилувања на тие позиции.
„Веќе многупати реков дека сум задоволен од составот што го имам во моментот. Од десната страна ги имаме Педро Нето и Нони Мадуеке, од левата се Џејдон Санчо, Миша Мудрик, кој моментално не е со нас, и Тајрик Џорџ, млад играч кој може многу да ни помогне во моментот“, изјави Мареска.
Италијанецот исто така ги коментираше новостите во тимот пред натпреварот против Манчестер Сити, повторно упатувајќи пофални зборови за клубот од „Етихад“ и за Пеп Гвардиола.
„Можеби Ливај Колвил и Енцо Фернандез ќе бидат подготвени за Манчестер Сити. Ромео Лавија е „аут“. Сè уште не знаеме колку е сериозна повредата. Треба малку да почекаме, но сигурно ќе биде отсутен уште неколку недели“, додаде Мареска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













