Connect with us

Мареска: Челси не е подготвен за борба за титула

Енцо Мареска ги оцени како мали шансите на Челси во борбата за шампионската титула во Премиер – лигата. По победата на „сините“ над градскиот ривал Тотенхем со 4-3 во натпревар од 15. коло на шампионатот, тие го прескокнаа Арсенал на табелата, искачувајќи се на второто место и намалувајќи ја разликата со лидерот Ливерпул на четири поени.

„Арсенал, Сити и Ливерпул веројатно нема да се сопнат како Кукуреља. Сериозно, не сме подготвени да се бориме за титулата. Многу сме далеку од тие екипи, но сме фокусирани на секојдневно подобрување на тимот“, изјави Мареска.

Тренерот на тимот од англиската престолнина говореше и за самиот натпревар, во кој неговите играчи успеаја да надоместат два гола негатива. Посебно внимание посвети на измените направени на полувремето.

„Минатата недела кажав дека работиме за да ги направиме навивачите среќни, а сега тие можат да бидат среќни. Имавме проблеми со Ромео Лавија. Мало Густо влезе на негово место, ја променивме позицијата на Каиседо и го заменивме офанзивниот играч од средниот ред. Лавија имаше проблеми со задната ложа, но сега е добро. Не сакаме да ризикуваме во декември. Понекогаш е подобро да направите замена на полувремето отколку да изгубите играч за пет или шест натпревари“, додаде Мареска.

На крајот, менаџерот зборуваше за индивидуалните настапи на двајца од неговите играчи, започнувајќи со Кукуреља, кој имаше интересен момент во натпреварот, по што ги фрли своите копачки во корпа за отпадоци.

„Ми рече по натпреварот дека се обидел да внесе емоција во играта. Сериозно, губејќи со 0-2, продолживме да играме според истиот план, и со, и без топка. Во второто полувреме ја променивме тактиката. Мислам дека, генерално, заслуживме да победиме. Тоа е повеќе прашање за Марк. Играчите се доволно зрели за да одлучат со какви копачки ќе играат. Најважно е дека и покрај негатива од 0-2, продолживме да создававме шанси“, истакна Мареска.

Другиот играч за кој зборуваше беше Кол Палмер, кој постигна два гола за победата, двата од пенал.

„Го познавам Кол долго време и секогаш сум му верувал за сè. Тој е фантастична личност. Учи да игра еден на еден, додека Бисума беше цело време со него на теренот. Тој учи, се подобрува и постигнува голови. Тоа го радува него, а и нас. Идејата е играчите да не се успиваат. Тие не можат да одбијат да играат, бидејќи знаат дека некој друг чека да влезе во игра“, заврши Мареска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови