Connect with us

Марадона погребан со приватна церемонија, гробот ќе биде ново аргентинско светилиште (ФОТО+ВИДЕО))

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона е погребан на приватна церемонија на гробиштата „Бела Виста Гарден“ во близината на Буенос Аирес во присуство на околу 200 луѓе, најтесното семејство и најблиските пријатели. Тој ќе почива во семејната гробница каде се погребани и неговите родители Далма и Диего. 

Последното испраќање на Марадона беше испратено од илјадници фанови кои извикуваа „Марадона е бог, секогаш ќе живее“ и сакаа да го допрат ковчегот. Се создаде невидена мешаница, а мораше да интервенира и полицијата со гумени куршуми. 

На плоштадот „Пјаца де Мајо“ се собраа огромен број фанови и негови следбеници, ги пееја навивачките песни со пораки за богот на фудбалот, речиси идентично како и кога ја донесе светската титула на Аргентина на мундијалот во 1986 година. 

  

? Imágenes de la llegada del féretro de Diego Armando Maradona al Cementerio Jardín Bella Vista.

Te lloramos #DiegoEterno. pic.twitter.com/L8iVKjfSi1
— Programas teleSUR (@pro_telesur) November 26, 2020

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови