Смртта на легендарниот Диего Марадона го потресе светот на 25 ноември, а Аргентина се уште не може да се опорави од големата загуба. Неговиот поранешен доктор Алфредо Цахе, потенцираше дека Марадона воопшто не требало да биде отпуштен од болница по операцијата на мозокот, а откри и неверојатна информација дека тој речиси една деценија живеел со значајно мозочно оштетување.
„Диего имаше оштетување на мозокот и не беше тоа баш како Алцхајмер па затоа и не беше лесно видливо. Проблемот е во тоа што со години не сакаше да ги земе соодветните лекови за терапија. Се сеќавам дека пред 15 години имаше обид за самоубиство на Куба. Возеше со голема брзина и одеднаш се удри во камион. За среќа остана жив и го прашав дали можеби сакаше да се самоубие возејќи така лудо. А тој ми одговори…Од каде да знам, можеи и тоа ќе го сторам еден ден“, откри докторот Алфредо Цахе.
Тој повеќе од 30 години се грижеше за здравствената состојба на Диего Марадона, но во последните години дојде до промени откако во одлуките на легендарниот фудбалер се замешале членови на неговото потесно семејство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













