Connect with us

Марадона добива статуа во природна големина на стадионот во Неапол

Статуата на Диего Марадона во природна големина ќе биде откриена на 28 ноември на стадионот во Неапол. Споменикот ќе биде претставен пред дербито во Серија А кое Наполи го игра против Лацио.


Споменикот е донација од пријателот на Марадона, Стефано Цечи, а направен е со техника на 3Д печатење.

Неколку дена по неговата смрт во ноември минатата година, стадионот на кој игра Наполи го смени името, од Сан Паоло во Диего Армандо Марадона.

Марадона играше за Наполи од 1984 до 1991 година и на клубот му донесе две шампионски титули на Италија, еден Куп на Италија и трофеј во Купот на УЕФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови