Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година пристигна во Белград, каде што ја очекува пресметката со Србија во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.
Еден од клучните играчи во одбраната на штипска Брегалница во тековната сезона во ПМФЛ и неизоставен член на националниот тим до 21 година, Јован Манев даде свое видување за претстојниот дуел против Србија.
„Одработивме одлични тренинзи во Скопје, а продолживме во исто темпо и по доаѓањето во Белград. Стоиме цврсто со нозете на земја, знаеме дека имаме шанси да се бориме за позитивен резултат, веруваме во нашите квалитети, од меч во меч се подобруваме и се надевам дека ќе продолжиме во тој ритам. Имаме одлична група на фудбалери, сите заедно веруваме во успех. Ја имаме подршката од селекторот и неговиот стручен тим, веруваат дека можеме да оствариме успех не само на мечот со Србија, туку и на средбите против Фарски Острови, Украина и Ерменија. Нема да биде лесно да се победи Србија, но не и невозможно. Го респектираме противникот, се работи за репрезентација која има голем квалитет и потенцијал, но имаат и недостатоци. Треба да бидеме смирени, фокусирани во текот на сите 90. минути и да ги искористиме можностите што ќе ни се укажат”, изјави Јован Манев.
На 24. март нашите млади фудбалери играат против Србија во Белград со почеток од 17 часот, а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески” од 18 часот ја пречекуваат селекцијата на Фарски Острови.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski