Connect with us

Манев се приклучи на националниот тим (ФОТО)

Дефанзивецот на Адана Демирспор, Јован Манев, денеска се приклучи на А-тимот и го одработи тренингот во пресрет на пријателскиот натпревар против Фарски Острови в понеделник, кога се очекува и да дебитира во националната селекција на Македонија. Тој е поранешен младински репрезентативец, но сега првпат доби повик од селекторот Благоја Милевски во најдобрата репрезентација.

Фудбалерите денеска одработија тренинг на комплексот на ФФМ, а утре ќе тренираат на арената „Тодор Проески“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови