Connect with us

Мане со најава за заминување: Му ги посакувам на Ливерпул сите успеси на светот

Иднината на Садио Мане беше главна тема пред финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Сенегалецот вети дека ќе зборува на оваа тема по натпреварот, кој неговиот тим на крајот го загуби со 0-1.


Напаѓачот има договор со „црвените“ уште една сезона, а според пишувањата на медиумите во Германија тој летово ќе побара да се пресели во Баерн Минхен.

Мане проговори емотивно по поразот во Париз и посочи дека ова може да му биде последен меч со тимот од Мерсисајд.

„Беше тежок натпревар и разочарани сме. Навивачите беа неверојатни, сакам да им се заблагодарам за се, како и на тренерот. Му ги посакувам на овој тим сите успеси на светот”, изјави Мане.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови