Connect with us

Мане има тригодишен договор од Баерн, но Ливерпул уште се „ценка“

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, постигнал целосен договор со раководството на Баерн Минхен за негов трансфер на „Алијанц арена“. Сенегалецот треба да потпише договор на три години. Фудбалерот јасно му стави до знаење на Ливерпул дека сака да си замине.


Сепак, „црвените“ се уште не се договориле со Баерн. Досегашните две понуди од баварскиот клуб, Ливерпул веднаш ги одби. Се очекува и трета за која се вели дека вреди 35 милиони фунти.

Ливерпул сака 42 милиони фунти, односно околу 50 милиони евра, за да му дозволи на Мане да си замине. Клубот од „Енфилд“ веќе донесе замена за Мане, тоа е Дарвин Нуњез од Бенфика.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови