
Европскиот првак Италија доживеа непријатно изненадување откако на домашен терен ремизираше (1-1) против Бугарија. Селекторот Роберто Манчини истакна дека неговите играчи требало да бидат попрецизни во завршните додавања против бугарската репрезентација која беше посветена на одбраната.
„Дадовме се за да го добиеме натпреварот, создадовме многу шанси, но требаше да бидеме попрецизни на крајот. Примивме случајен гол од друга страна, и можеби требаше да направиме фаул за да го спречиме тој напад. Во недела не очекува важен натпревар на гости против Швајцарија и мора да забележиме победа “, изјави Роберто Манчини за италијанските медиуми.
Италија доминираше во играта, а бугарскиот голман Георги Георгиев бранеше одлично и со одлични реакции во пет наврати ја сочува својата мрежа.
Во квалификациската група Ц, Италија води на табелата со 10 бода од четири натпревари, а Швајцарија е второпласирана со шест бода од два натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal