Connect with us

Манчини ја отвори душата: Заминав поради претседателот на федерацијата Габриеле Гравина

Досегашниот селектор на Италија, Роберто Манчини, даде сензационално интервју за „Ла Република“, во кое го нападна претседателот на федерацијата, Габриеле Гравина, потврдувајќи ја циркулираната информација дека конфликт меѓу двајцата е причина за изненадувачката оставка на селекторот кој ја предводеше „Сквадра Аѕура“ до европската титула.


„На Гравина му објаснив дека во последните неколку месеци ми треба поддршка и мир, но тој не ми ги даде, па дадов оставка. Не сум направил ништо за да ја заслужам критиката. Едноставно дадов оставка и објавив дека тоа е мој избор. Ја презедов целосната одговорност за мојата одлука и не се криев. Разговарав со Гравина и се обидов да му ги објаснам причините за мојот избор.

Никогаш не сум си дозволил да обвинувам никого, а сега ме обвинуваат. Дали требаше да го сторам тоа порано? Можеби, но јас ја напуштив репрезентацијата 25 дена пред нивниот следен натпревар, не само три дена пред тоа. Мислам дека отсекогаш сум бил фер низ годините.

Дали некогаш сте виделе претседател на федерацијата да се обиде да ги смени помошниците на својот селектор? Гравина бараше една година да направи промени во мојот стручен штаб. Се обидов да му кажам дека може да додаде не повеќе од две нови лица, но не и да отстрани двајца членови од тимот кој добро работи и постигнува успех. Јас сум личноста која треба да одлучи дали да заменам некој од мојот персонал.

Гравина веќе некое време ги гледаше работите сосема поинаку од мене. Затоа мораше да ме ослободи. Наместо тоа, тој ја искористи ситуацијата што на некои мои помошници им истекоа договорите. Секако дека можев да бидам построг, но мислев дека ќе сфати што прави.

Можеше да ме задржи ако сакаше. Еден знак од него ќе беше доволен. Но, вистината е дека Гравина не сакаше да останам и оваа ситуација продолжи со месеци. Сепак, тој ќе остане запаметен како претседател кој ја освои европската титула, а не по грешките. Побарав да ја тргнам клаузулата со која би можеле да ме ослободат доколку не се пласираме на ЕП 2024, само за да имам спокојство во следните неколку месеци.Секако дека би заминал доколку работите не одат добро и не се квалификувавме. Сакав да заминам по загубениот плејоф за Светското првенство во 2022 година, но федерацијата ме замоли да останам. Поминаа пет неверојатни години, а ЕВРО 2020 ќе ми остане најдобро сеќавање од овој период“, изјави Манчини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови