Connect with us

Манчини: Италија ќе оди на СП во Катар затоа што е силна

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, испрати новогодишна порака до фановите да не се грижат затоа што „аѕурите“ ќе се пласираат на Светското првенство во Катар.


„Ќе одиме во Катар бидејќи сме силни. Ќе успееме да го минеме и баражот за СП во Катар кој ни претстои во март 2022 година. Ние сме најдобриот тим во Европа, имаме само еден пораз во последните три години во меч во кој останавме со десетмина на теренот. Често размислувам за пропуштените можности, но сега треба комплетно да се фокусираме на новите предизвици. Со две победи одиме на Светското првенство и ние сме подготвени тоа да го напреавиме“, изјави Роберто Манчини.

Првата пречка на европскиот првак Италија во баражот за пласман на Светското првенство ќе биде Македонија на 24 март.

Манчини зборуваше и за некои од своите играчи. Тој е изненаден од статусот на резерва на Џанлуиџи Донарума во Пари Сен Жермен.

„Жоргињо ја заслужи „Златната топка“ поради тоа што го направи за нас. Тој беше исклучително важен играч на Европското првенство. Се сеќавам на пеналот пто го погоди против Шпанија, а не на двата што ги промаши на крајот од квалификациите. Гледам дека продолжува да изведува пенали, така што нема проблем, повторно ќе ја има мојата доверба. Донарума е најдобриот голман во светот и жал ми е што не игра редовно, бидејќи тоа е многу важно за еден голман“, изјави Манчини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови