
Манчестер Сити на крајот од сезоната ќе остане без Пеп Гвардиола. Познатиот стратег одлучи да се повлече од клупата, а неговата замена би можел да биде португалскиот тренер Рубен Аморим.
Пеп Гвардиола му соопштил на раководството на Манчестер Сити дека ќе замине на крајот од оваа сезона. Девет години Шпанецот мина меѓу „граѓаните“, и дојде време да се разделат како пријатели.
Раководството на Манчестер Сити е принудено да бара, ако воопшто е можно, соодветна замена за Гвардиола. Немаат многу опции на пазарот, но едно име засега се издвојува.
Тоа е португалскиот тренер Рубен Аморим. 39-годишниот тренер моментално е прв избор на челниците на „граѓаните“.
Минатото лето Аморим често се поврзуваше со Ливерпул и со Вест Хем, но на крајот не ги доби тие работни места. Ливерпул се одлучи за Арне Слот, а Вест Хем го избра Хулен Лопетеги, додека претходно беше кандидат и за Челси.
Бидејќи не доби работа во Премиер – лигата, Аморим продолжи во Спортинг, каде што веќе со години работи успешно. Сепак, сега може да добие можеби и најпримамлива понуда од актуелниот шампион.
„Манчестер Сити сериозно го разгледува Рубен Аморим како наследник на Пеп Гвардиола“, тврди англискиот „Гардијан“.
Рубен Аморим важи за еден од најдобрите млади тренери во Европа, и затоа е високо ценет во Сити. Пол Менезес го опишал како тренер со прагматичен стил на игра, многу студиозен, со големи способности и одлична интуиција. Тој е „заразен“ со победувањето и е убеден дека до трофеи се стигнува само со напорна работа.
Рубен Аморим е веќе речиси пет години на клупата на Спортинг. Направи врвен успех, освои две шампионски титули и два Куп трофеи. Претходно работеше во Брага, каде исто така го освои Купот. Својата тренерска кариера ја започна во тимот на Каса Пиа, и дефинитивно би било интересно да се види на клупата на „граѓаните“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
