Тимот на Манчестер Сити го победи Слован Братислава со 0-4 во натпреварот од второто коло од Лигата на шампионите, а со тоа „граѓаните“ го израмнија рекордот на својот градски ривал Манчестер Јунајтед за најдолга серија без пораз во историјата на „турнирот на богатите“, достигнувајќи 25 натпревари.
Во последните 25 натпревари во Лигата на шампионите, „небесносините“ забележаа 17 победи и 8 нерешени резултати. Последен пат кога Манчестер Сити загуби беше против Реал Мадрид во реваншот од полуфиналето во сезоната 2021/22.
Минатата сезона Сити повторно беше елиминиран од „кралевите“, но тоа се случи по две нерешени средби и изведување на пенали, што значи дека во рамките на регуларното време на најпрестижниот европски клупски турнир, избраниците на Пеп Гвардиола не доживеале пораз последните две години и пет месеци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













