
Манчестер Сити го започна својот настап на Светското клупско првенство во САД со сигурна победа, оставајќи малку простор за изненадување. Англискиот шампион без поголем отпор го совлада тимот на Видад Казабланка од Мароко со 2-0 на воведниот меч од новата програма.
„Граѓаните“ експресно го наметнаа темпото – уште во втората минута, Фил Фоден со прецизен удар ја затресе мрежата на мароканскиот тим и го отвори резултатот. До крајот на првиот дел, белгискиот репрезентативец Џереми Доку додаде уште еден погодок, поставувајќи го конечниот резултат уште во првото полувреме.
Во вториот дел темпото падна, но мечот не помина без возбуда. Во финишот, младиот Рико Луис доби директен црвен картон поради гурб старт во 88. минута.
Подоцна вечерва, во истата група „Г“, силите ќе ги одмерат Ал Аин и Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
