Англискиот првак Манчестер Сити по освојувањето на светската титула во Џеда, се врати и во Премиер-лигата го совлада Евертон на гости со 1-3. Сега „граѓаните“ имаат 37 бода, пет помалку од лидерот Ливерпул, но и еден одигран натпревар помалку.
Манчестер Сити имаше негатива на полувремето, откако Џек Херисон погоди во 29.минута за Евертон.
Сепак, во вториот дел се разигра тимот на Пеп Гвардиола. Фил Фоден со силен и прецизен удар од далечина донесе израмнување во 53.минута, а Хулијан Алварез од пенал се погрижи за пресврт во 64.минута. Третиот гол за Сити го постигна Бернардо Силва во 86.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













