
Манчестер Сити успеа да се искачи на тронот на Европа и потврди дека во моментот е најдобриот тим на Стариот континент откако вечерва го совлада Интер со 1-0 во финалната пресметка во Истанбул. Тоа е прв трофеј во ЛШ за „граѓаните“ кои оваа сезона стигнаа до тројна круна.

Шпанецот Родри беше стрелец на единствениот гол во финалето, откако погоди од 12 метри во 68.минута од дуелот. Само две минути подоцна Димарко ја погоди гредата, а одбиената топка во петерецот ја блокираше Лукаку.
Ромелу Лукаку имаше колосална шанса за израмнување во 89.минута, шутираше со глава, а Едерсон спаси на -гол-линијата.
Фил Фоден претходно можеше да го затвори мечот со втор гол, а во првото полувреме убави можности за Сити имаа Ерлинг Халанд и Бернардо Силва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
