Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, ексклузивно пренесува „Марка“.
Не помина премногу време од моментот на изјавата на младиот Бразилец дека Манчестер Сити е најдобриот тим на светот и покрај тоа што игра за Реал Мадрид – до моментот дека Родриго е трансферна цел на „граѓаните“.
Тој сака да остане во Реал Мадрид и покрај доаѓањето на Килијан Мбапе иако веројатно ќе има одредено намалување на неговата минутажа. Тој не се плаши од конкуренција и јасно му стави до знаење на клубот дека не планира да ја менува средината. Затоа и Реал е мирен, но доколку Манчестер Сити биде посериозен, преговорите секако може да започне.
Во секој случај, операцијата според која Родриго оди во Манчестер Сити не е неизводлива, а Реал Мадрид би вратил и дел од парите што ги инвестира во Килијан Мбапе.
Родриго оваа сезона одигра 50 натпревари во сите натпреварувања и има постигнато 17 гола и девет асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













