Англискиот шампион Манчестер Сити со триумф од 2-0 против Шефилд Јунајтед на домашен терен ја заокружи 2023 година, во која нема ниту еден пораз на „Итихад“. Тимот на Пеп Гвардиола ја оправда фаворитската улога, а славеше со головите на Родри во 14.минута и на Хулијан Аларез во 61.минута.
Астон Вила им се врати на победите, иако со многу мака стигна до три бода против Барнли славејќи со 3-2. Бејли го отвори резултатот во 28.минута, но само две минути подоцна израмни Амдуни.
Астон Вила имаше предност по првиот дел со голот на Дијаби.
Шефилд Јунајтед од 55.минута остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Сандер Берге, но и покрај тоа стигна до ново израмнување со голот на Фостер. Сепак, Даглас Луиз од пенал во 89.минута донесе триумф за Астон Вила.
Кристал Палас го победи Брентфорд со 3-1, а Вулверхемтон со 3-0 триумфираше против Евертон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













