
Манчестер Сити му понудил 70 милиони фунти на Вест Хем за играчот од средниот ред Лукас Пакета, тврди бразилскиот „Глобо“. Интересот на европскиот шампион за Бразилецот е многу сериозен и тој се наоѓа на листата на желби на Хосеп Гвардиола.
Двата клуба ќе имаат директни разговори оваа недела. Сепак, преговорите нема да бидат лесни за „граѓаните“, бидејќи Вест Хем веќе го продаде Деклан Рајс на Арсенал, а Дејвид Мојс нема да сака да го загуби својот втор клучен играч во средниот ред. Токму поради оваа причина се очекува лондончани да ја одбијат споменатата прва понуда од Мен Сити.
„Чеканите“ го потпишаа Пакета пред само една година од Лион и за него платија 53 милиони фунти. Бразилецот имаше одлична дебитантска сезона и забележа 41 настап во сите натпреварувања, постигна пет гола и имаше седум асистенции.
Манчестер Сити се засили со Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол, но Гвардиола ги загуби Илкај Гундоган и Ријад Махрез. Сѐ уште се шпекулира за иднината на Бернардо Силва, кој го бараат Барселона и Пари Сен Жермен. Поради сето ова, менаџерот на Сити сака да доведе и офанзивен играч за врска како Пакета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal