
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Џон Стоунс, заработи нова повреда на вчерашниот натпревар со Јанг Бојс (3-0). Англискиот репрезентативец ги пропушти првите седум натпревари сезонава поради повреда на бутниот мускул, а синоќа заработи нова повреда на мускулот која според Пеп Гвардиола ќе го оддалечи од теренот извесно време.
На натпреварот против Јанг Бојс повреда заработи и Мануел Аканџи.
„Ману има проблем со грбот. Се надеваме дека проблемот не е премногу голем и дека ќе биде подготвен за недела. Жал ми е за Џон бидејќи тој е неверојатен професионалец и неговото отсуство ќе биде голема загуба. Тој е многу важен, но ќе се опорави и ќе се врати посилен“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити влегува во многу важен период, во кој на „граѓаните“ им претстојат натпревари против Челси, Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила во Премиер – лигата, како и меч со Лајпциг во ЛШ, каде веќе обезбедија осминафинале.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
