Кога шпанскиот репрезентативец Родри дојде во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид во летото 2019 година за 70.000.000 евра, се очекуваше дека добро ќе се вклопи во системот на игра на Пеп Гвардиола. Сепак, тој ги изненади и најголемите оптимисти.
Родри можеби стана клучен играч во тимот кој со години доминира во фудбалот во Англија, освојувајќи титули во националниот шампионат, а минатата сезона стана најдобар во Европа со освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите.
Гвардиола не може да започне натпревар без 27-годишниот играч за врска, а раководството на „граѓаните“ му подготви нов договор, иако важечкиот му истекува дури во летото 2027 година.
Како што пишуваат англиските медиуми, Родри го чека нов договор на шест години, до летото 2030 година, со многу поголеми примања, речиси двојно повеќе.
Шпанецот моментално заработува 180.000 фунти неделно, а според новиот договор, секоја недела на неговата сметка би легнувале по 300.000 британски банкноти (350.000 евра).
Преговорите меѓу Манчестер Сити и Родри ќе започнат на крајот на сезоната, а дотогаш фокусот е на одбрана на титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal