Англискиот првак Манчестер Сити тргнува во акција за суперталентот од редовите на Барселона, 17-годишниот Гави, кој блесна во дресот на каталонскиот гигант и веќе е стандарден шпански репрезентативец. Менаџерот Пеп Гвардиола би сакал да го има на „Итихад“ и подготвен е да му даде дури десетпати поголема плата од сегашната во Барселона.
Според „Ел Насионал“, Гвардиола во Манчестер Сити сака 17-годишно чудо од Барселона, Гави, кој веќе прерасна во клучен играч за каталонскиот тим, а и Луис Енрике му даде можност да дебитира за репрезентацијата на Шпанија во финалето на Лигата на нации.
Гави е еден од најголемите светски таленти и треба да биде еден од фудбалерите кои ќе ја одбележат иднината на светскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













