Англискиот и европски првак Манчестер Сити сака да го задржи Ерлинг Халанд долго на „Итихад“. Раководството на „граѓаните“ му нуди нов договор на Норвежанецот со неверојатни 400.000 фунти неделна плата само да го убеди да ја продолжи верноста со клубот за дополнителни две сезони. Со тоа Халанд би се израмнил со Кевин де Бруин, кој е најплатен фудбалер во клубот и во Премиер – лигата воопшто.
Манчестер Сити сака да го „врзе“ Халанд долгорочно, со оглед дека следното лето Реал Мадрид би можел да тргне во офанзива, посебно доколку не успее повторно да дојде до потписот на Килијан Мбапе.
Ерлинг Халанд нема постигнато гол на последните пет натпревари за Манчестер Сити, што е доволно за медиумите на Островот да тврдат дека е во голема голгетерска криза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













