Газдата на Манчестер сити, шеикот Мансур, одлучи да ги подмири сите патни трошоци на навивачите на клубот за финалето на Лигата на шампионите во Порто. „Граѓаните“ првпат во историјата ќе играaт финале во елитното натпреварување, а шеикот е неизмерно среќен што клубот сепак ќе има 6.000 свои навивачи и покрај пандемијата на коронавирусот.
„Од неизмерно значење е Манчестер Сити да има што е можно повеќе фанови на големото финале. Посебно за оние најверните кои со години го поддржуваат Манчестер Сити и во добро и во лошо. Се надеваме дека оваа наша иницијатива ќе им помогне на навивачите да уживаат во денот, наместо да се грижат околу тоа како да ги покријат патните трошоци, посебно во овие тешки времиња на пандемија од Ковид-19“, изјави шеикот Мансур.
Манчестер Сити и Челси ќе го играат финалето на ЛШ на „Драгао“ во Порто. Двата клуба ќе добијат по 6.000 билети за своите навивачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Винисиус сака трансфер во ПСЖ?













