Огромната победа на Манчестер Сити против Спарта Прага со 5-0 означи уште едно значајно достигнување на тимот под водство на Пеп Гвардиола. „Граѓаните“ сега се тимот со најдолга серија без пораз во историјата на Лигата на шампионите.
Сити нема пораз во 26 последовни натпревари во ова натпреварување. Во статистиката се вклучени само резултатите од регуларното време на натпреварите од елиминациската фаза.
Претходниот рекорд му припаѓаше на Манчестер Јунајтед. Под водство на сер Алекс Фергусон, „црвените ѓаволи“ забележаа 25 последовни натпревари без пораз во ЛШ меѓу септември 2007 и мај 2009 година.
Од почетокот на оваа сезона, Манчестер Сити е непоразен во сите натпреварувања. Од 13 официјални натпревари, „граѓаните“ имаат девет победи и четири нерешени меча. Следниот натпревар на тимот е против Саутемптон на 26 октомври.
Ерлинг Халанд веќе постигна 13 голови на 12 натпревари оваа сезона. Норвежанецот постигна два гола против Спарта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













