
Манчестер Сити го засили интересот за младиот талент на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. 20-годишниот фудбалер се смета за еден од најперспективните млади играчи во Европа, а „граѓаните“ се еден од клубовите кои внимателно го следат неговиот развој.
Сега Англичаните се подготвени да го направат следниот чекор. На „Итихад“ им треба засилување по разделбата со Ријад Махрез и повредата на Кевин де Брин. А Вирц би бил многу корисен бидејќи може да игра и зад напаѓачите и на десната крилна позиција.
За младиот Германец е заинтересиран и Ливерпул, но „граѓаните“ се во посилна позиција, бидејќи ќе можат да му понудат на Вирц учество во Лигата на шампионите. Од друга страна, пак, на „Енфилд“ веројатно ќе добие поголема минутажа за игра отколку на „Етихад“, каде конкуренцијата е посериозна.
Во Баер Леверкузен се надеваат дека ќе успеат да го задржат Вирц барем уште една сезона. Тие поставија и висока цена од над 80 милиони евра, со која ќе ги одбијат потенцијалните купувачи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
