
Англискиот шампион Манчестер Сити официјално го објави ангажманот на играчот од средниот ред Николас Гонзалес од Порто.
23-годишниот фудбалер се приклучува на Сити со договор на четири и пол години, што го врзува со клубот до 2029 година.
Гонзалес станува четвртото засилување на Сити во овој преоден рок, приклучувајќи им се на Абдукодир Хусанов, Витор Реис и Омар Мармуш, кои веќе го засилија тимот на Пеп Гвардиола.
Фудбалската кариера на Гонзалес започна во прочуената академија Ла Масија на Барселона во 2013 година.
Потоа стигна до првиот тим на Барса, каде што одигра 37 натпревари пред да прејде во Порто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
