
Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, е голема трансферна желба на англискиот шампион Манчестер Сити, тврдат медиумите на Островот.
Баерн за него бара 120 милиони фунти, цена што Сити е подготвен да ја плати. Ова би било рекорд за тимот од Манчестер, бидејќи сумата е многу поголема од онаа што беше платена за Џек Грилиш.
Тогаш „граѓаните“ се разделија со 100 милиони фунти, со што Грилиш стана најскапиот фудбалер во Англија.
Мусијала е производ на академијата на Челси, но во Баерн замина летото 2019 година. Оттогаш, тој има 151 натпревар и 43 гола за Баварците, додавајќи и 30 асистенции.
Неговиот договор со Баерн Минхен е до летото 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер
