Фудбалерите на Манчестер Сити ја започнуваат одбраната на титулата во Премиер – лигата во недела, кога од 17.30 часот ги очекува гостување кај Челси, што воедно ќе биде дерби на првото коло.
Сити ќе биде ослабен во Лондон поради играчот кој во последните неколку сезони се профилираше како лидер на тимот, но и како синоним за успех.
Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, најави дека против Челси нема да игра Родри.
„Не тренираше. Има нула тренинзи, не е подготвен“, изјави Гвардиола.
Шпанецот со својата репрезентација го освои Европското првенство во Германија пред еден месец, а беше избран и за најдобар играч на турнирот.
Очигледно е дека добил малку подолг одмор по големите напори на Европското првенство и допрва треба да се врати на тренажниот процес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













