
Поранешниот тренер на Барселона, Чави Хернандез, е најновото име кое се споменува како потенцијален менаџер на Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите на Островот.
„Црвените ѓаволи“ веќе разговарале со 44-годишниот шпански тренер. Се тврди дека минатиот четврток делегација од четири лица, предводена од извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада, патувала до Барселона за да разговара со Чави.
Ова е втор контакт со шпанскиот стратег во последните неколку месеци. Чави Хернандез ја напушти Барселона на крајот на минатата сезона по неколку пресврти и откако јавно влезе во конфликт со претседателот на клубот, Жоан Лапорта. Тој изјавил дека нема интерес да се врати во шпанскиот фудбал во овој момент и е отворен за нови предизвици.
Иднината на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, е предмет на постојани шпекулации поради слабите резултати на „црвените ѓаволи“ на почетокот од сезоната. Како негови потенцијални заменици во последните месеци се споменуваа Томас Тухел, кој на крајот стана селектор на Англија, поранешниот селектор на „трите лава“ Герет Саутгејт и Грем Потер.
Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, сегашниот помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој, и Рубен Аморим, кој е тренер на Спортинг Лисабон, се сметаат за поактуелни опции во моментов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
